News
Кристијан Алчинов

2 min read

1 year ago

Малите хидроцентрали vs. дивите домородни пчели

На Кожуф имаме спој на двете клими – континенталната и медитеранската клима, што нѐ прави единствени во Европа коишто пчелариме над 1.300 метри надморска висина. Ние овде ја имаме во најчиста форма, по течението на реката Дошница, во спилестиот дел и во старите буки, ја имаме Apis melifera macedonica, нашата домородна, автохтона медоносна пчела.

Малите хидроцентрали vs. дивите домородни пчели

Природното богатство на Кожуф е одамна познато за биолозите и еколозите, но и за луѓето кои живеат во подножјето на оваа планина. Таа е богата со вода и ендемски растителни видови, а голем дел од неа и натаму е буквално недопрен, па на Кожуф извираат и течат некои од нашите најчисти и најубави планински реки. Пред 15-тина години беше направен обид да се донесат поголем број посетители на Кожуф и дел од него да се претвори во зимски скијачки центар. Од тоа не излезе ништо, а изградбата на центарот беше последниот голем градежен зафат на падините на планината. Денес, ја посетуваат и во неа уживаат најмногу жителите на Гевгелија, Демир Капија и Кавадарци, а на Кожуф живеачката ја вадат само бројните берачи на боровинки и жителите на селата на неговите падини. „Јас и мојот брат сме петта генерација пчелари во мојата фамилија, нашата пчеларска фарма датира од 1878 година. Тука имаме спој на двете клими – континенталната и медитеранската клима, што нѐ прави единствени во Европа коишто пчелариме над 1.300 метри надморска висина. Ние овде ја имаме во најчиста форма, по течението на реката Дошница, во спилестиот дел и во старите буки, ја имаме Apis melifera macedonica, нашата домородна, автохтона медоносна пчела“, вели Кристијан Алчинов, пчелар.