Светски ден на пчелата - 2026
По повод светскиот ден на пчелата, во посета на апи-терапискиот центар "Ристо Алчинов" беа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, Амбасадорот на Република Словенија Григор Прескер, претставници на институции, пчелари и гости од повеќе градови.

Делегациите беа одблиску запознаени со начинот, методите и техниките на апи-терапијата и нејзиното значение, додека практично беше презентиран делот на апи-инахалацијата со вдишување на пчелниот воздух директно од пчелната кошница.

Министерот Трипуновски покажа особен интерес за развој на пчеларството, унапредување на состојбата со законските регулативи и односот на државата кон пчеларите, додека Амбасадорот Прескер изјави особена чест и задоволство што дел од опремата за апи-терапија е од Словенечко производство, како и високото ниво на развој на апи-терапијата како дел од алтернативната медицина во Република Македонија, споредбено со Република Словенија.
Како дел од протоколот, беше спроведена дегустација на мед, полен, медени колачи и планински чај, целокупно автентично Гевгелиско/Кожуфско производство.
Гевгелија и планината Кожуф, како едно фантастично пчелогорје оваа година е домаќин на прославувањето на Светскиот ден на пчелата како еден од регионите со најголем пчеларски капацитет и потенцијал на Балканот.