inhalation from the beehive

Апи-Инхалација

Што значи апи-терапија? „Апи“ од „Apis“, што значи пчела 🐝 и терапија, што е процес за подобрување и превенција на телото и здравствената благосостојба 🫁 Апи-терапија ја означува целата гранка на алтернативната медицина со користење на сите пчелни производи, примарни и нус производи, како и сите бенефитни начини и процеси кои вредните пчели ни ги нудат 🍯

Инхалаторната апитерапија се состои од вдишување на аеросоли, кои се мешавина од повеќе корисни и здрави елементи од пчелното живеалиште, како што се прополисот, нектарот, етеричните масла, флавоноидите, медот, восокот, матичниот млеч, поленот и други лековити материи. Пчелите, преку вентилирање или едноставно движење на крилцата, испарувањата од овие материи ги мешаат и ги распрскуваат во ситни аеросоли во воздухот во внатрешноста на кошницата. Вдишувањето на аеросолите и аромите од пчелната кошница, освен за подобрување на состојбата со дишните патишта, има значаен ефект и врз психофизичката состојба на луѓето. Инхалаторната апитерапија делува смирувачки, релаксативно и ослободува од стресот акумулиран при секојдневието.

inhalation from the beehive
api-inhalation

Нудиме